Денес е понеделник, 20 февруари 2017 година, 51-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 17:17 часот. Денот ќе трае 11
часа и 00 минути.
Во утринските часови имаме умерено облачно време, а во регионите источно
од текот на Вардар се до крајните источни предели претежно сончево и
постудено време. Во крајните источни и крајните западни предели како и
на планинските превои има појава на погуста магла.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија по посвежото и понекаде магловито утро, во
претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во
источните и југоисточните предели претежно сончево. Попладне намалување
на облачноста и претежно сончево време со лоакална облачност насекаде.
Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и
до 25 км/ч. Утринските температури од -4 до 3 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 13 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во
текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб
северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната
дневна до 9 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник постудено утро со утрински температури
кои ќе се движат во интервал од -6 до 2 степени, а во текот на денот ќе
биде претежно сончево и потопло време со максимални температури од 6 до
14 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло
време, утринските температури од -3 до 5 степени, а максималните од 8 до
16 степени. Во четврток и петок сончево и топло време со температури кои
ќе бидат високо над просекот за овој период и ќе се движат во интервал
од 10 до 18 односно од 11 до 19 степени.
http://weather4all.com.mk