X
 28.10.2015 Образование

Во понеделник започнува Саемот на студии во Франција


     
Вo понеделник, 2 ноември 2015 год., во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Саемот на студии во Франција, во организација на Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование Кампус Франс во Скопје. .

Саемот ќе биде официјално отворен во 12:30 ч., од страна на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и на г-дин Абдулаќим Адеми, и висок претставник Министер за образование на Р.М.

Овогодишното издание на Саемот на студии ќе понуди разновидна програма и присуство на претставници или алумни (поранешни и/или сегашни француски стипендисти и дипломци) на околу 30 француски универзитети. Тие ќе бидат присутни за разговор со заинтересираните за студирање во Франција. Воедно, предвидена е и програма за он-лајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.

Освен тоа што студентите, професорите и родителите ќе можат конкретно да се информираат за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции, на овој саем ќе биде промовирана и новата програма за пракса во успешни француски компании.

Овој настан е дел од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција, кој посетува повеќе земји на Балканот: Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование