X
 05.09.2019 Живот

Во францускиот Сенат пронајдена статуа на Хитлер

Француските сенатори беа вџашени кога открија дека во Сенатот се чуваат биста на Адолф Хитлер и нацистичко знаме, додека столовите со грб со орел од Третиот Рајх неодамна биле отстранети.

Тајната ја чувале неколку инсајдери, објави „Монд“.

По објавувањето, властите наредија попис на документи и предмети што ги оставил нацистичкиот окупатор во Сенатот.

Бистата на Адолф Хитлер е висока 35 сантиметри.

Јавноста беше уште повознемирена од откритието дека до неодамна дел од персоналот на Сенатот работел на маси со грбови со орли.

За време на војната, палатата на Луксембург, во која се наоѓа Горниот дом на францускиот парламент, беше команда на германските воздушни сили.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот