84 Коло на НовоЛото 7/34 донесе добивка 6+1 , вредна 241.566,50 денари. Среќниот добитник овој пат пристигна од Кавадарци во просториите на Државна лотарија на Македонија. Своите среќни броеви ги распоредил во 4 комбинации и уплатил вкупно 60 денари , во за него, Среќното место СИГМА во Кавадарци.
Како што ни рече верен лото играч е веќе 45 години , а последниве години не пропушта ниту едно коло на НовоЛото 7/34. Редовно ги игра своите среќни броеви , кои се состојат од родендените на неговите син и ќерка , како и број на станот во кој живее и слични броеви кој за него значат многу. Досега среќата му се насмевнала неколку пати , па така имал повеќе пати 5 погодоци, но ова е најголемата добивка за него. Два пати дури му се случило и да ја загуби или заборави потврдата за уплата , која веќе била добитна, но сепак среќата повторно го нашла својот пат до Сашо Петрески од Кавадарци , кој , како што рече, и понатаму ќе продолжи да игра НовоЛото 7/34.
Инаку, пред само десетина извлекувања , поточно во 75 коло од НовоЛото 7/34 , добивката 6+1 повторно беше освоена , исто така од редовен играч на НовоЛото , од Делчево.
Затоа не губете надеж, уплатете ги вашите седум среќни броеви и очекувајте добивки во НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија , секоја среда и сабота на ТВ Сител.
ЗА ДОБРО !