Сведоци сме на револуционерни промени во транспортот. Класичните автомобили, автобуси и камиони што возат на мотори со внатрешно согорување - како транспорт на „минатото“ и новите електрични возила или транспорт на „сегашноста“, кои работат на други видови енергија (на пример, на струја).
Сè повеќе се говори за електрични транспортни средства – автомобили, автобуси, тротинети. Развојот на технологијата овозможува со овие алтернативни превозни средства да се поминуваат сè поголеми растојанија. Се создава инфраструктурата која ќе обезбеди нормална замена на старата со новата технологија на сообраќај.
Сè популарни во светот стануваат електричните тротинети. Популарноста е резултат на неколку предности што ги имаат овие тротинети во однос на другите начини на транспорт.
Една од нив, секако, е малата тежина. Во моментов тежат од 10 до 15 килограми. Тоа значи дека се многу лесно преносливи и може да се кренат в раце, доколку има потреба. Исто така, новите тротинети имаат релативно висока моќност и носивост.
Тротинетите што ги дистрибуира Hamachi Македонија развиваат брзина и до 30 километри на час. Ова е градска дозволена брзина на возење и со други превозни средства и е во рамките на дозволената брзина во урбани средини. Со електричните тротинети многу е олеснето движењето во вакви средини каде што градскиот метеж оневозможува пристигнување во нормално време на одредена дестинација со класично превозно средство. Големиот број семафори, бранот возила и пешаци, сето тоа претставува уште поголем предизвик за управување со веќе познатите средства за превоз. Електричниот тротинет, поради својата мала габаритност, многу лесно се пробива низ градските метежи. Секако, патниците што користат вакви тротинети ги користат и велосипедските патеки за побрзо движење.
Развојот на технологијата овозможува овие алтернативни превозни средства да можат да поминат и до 30 километри со само едно полнење на батеријата. Тоа, практично, значи дека еден жител на Скопје може да се движи на која било дестинација низ градот со само едно полнење на батеријата. Деновиве и градскиот татко на Скопје, Петре Шилегов, се забележува по улиците како се вози со електричен тротинет и ги мотивира своите сограѓани да го користат овој алтернативен начин на превоз во Скопје, како град со релативно рамна површина.
Користењето на електричните тротинети го решава и многу сериозниот проблем со паркинг во Скопје и во други градови. За ова алтернативно превозно средство не е потребна голема паркинг-површина, туку едноставно и лесно може да се внесе во секоја просторија и да се полни до следното движење. Секако, електричните тротинети на Hamachi, како транспорт на сегашноста, ги намалуваат трошоците за транспорт од една до друга дестинација.
Доколку се транспортирате со електричен тротинет, ќе бидете уште еден совесен граѓанин кој се грижи за здрава животна средина, односно за намалување на сериозниот проблем со загадувањето. На овој начин придонесувате неколкуте македонски светски „рекордери“ во загадување да се справат со овој сериозен проблем и да овозможат хумани услови за живот на своите жители.
Со тоа што Hamachi, како најголем дистрибутивен центар и сервис на Балканот, овозможува на пазарот да се појават алтернативни транспортни средства, всушност, ја покажува грижата на оваа компанија за проблемите со загадувањето, за олеснување на движењето во градските метежи, за побрзото и побезбедно пристигнување до саканата дестинација.
(Комерцијална објава)