X
 01.10.2020 Култура

Идеална работа за љубителите на историјата: Италија бара некој што ќе го води локалитетот Помпеја

Не ви се допаѓа работата од 9 до 17? Ви здодеаја улиците од вашиот град? Тогаш оваа работа е за вас - нов директор на Помпеја. Но, важно е да знаете дека конкуренцијата е прилично голема.

Италијанскиот министер за култура во моментов бара некој што ќе управува со Помпеја, поранешен антички римски град кој бил уништен по ерупција на планината Везув во 79 година од новата ера. Овој археолошки локалитет има фасцинантни урнатини на улици и куќи и милиони туристи го посетуваат секоја година.

Најдобрата вест е што секој може да аплицира за оваа работа (нормално, треба да има познавање за римските урнатини). Апликацијата е отворена за сите националности и веќе почна светската потрага по најдобриот кандидат.

- Сите археолози од целиот свет ја обожаваат Помпеја. Претпоставуваме дека ќе имаме многу кандидати - вели Дарио Франческини, министер за културно наследство, активности и туризам на Италија.

помпеја
Фото: Pixabay

Позицијата е за период од четири години, но договорот може да биде продолжен. Според Франческини, директорот дефинитивно ќе нема многу работа.

- Ова е работа што носи големо задоволство, како и голема одговорност. Ќе има копање и ќе се откријат и други големи откритија - вели тој.

Ако мислите дека го имате она што е потребно за да го водите овој светски познат локалитет, крајниот рок за пријавување е 3 ноември. Вашето резиме можете да го испратите ТУКА.

Извор: Secresydney.com
Фотографии: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура