Поголемиот дел од населението во земјава нема проблем со обезбедување пристап на интернет, но некои делови се толку изолирани што ова може да биде причина за стрес, особено со барањата на денешницата. Жителите на островот Оркас во Вашингтон го имале овој проблем. Тие се соочувале со проблеми со интернетот и наместо да одлучат да не сторат ништо, тие си изградиле сопствен сервис.
„Арс техника“ пишува дека жителите биле уморни од жалење до провајдерот на интернет на островот и одлучиле да пронајдат решение. Иницијативата била финансирана со помош на непрофитната организација „Doe bay“ основана од Крис Сутон, Крис Бремс и други жители.
Сега, организацијата е интернет-провајдер на островот.
Безжичната мрежа функционира со радија поставени на дрвја и куќи во дел од островот. Кула од другата страна на водата испраќа сигнали до радијата на водената кула на островот, што потоа ги испраќа до радијата на дрвјата.
Поврзувањето на радијата чинело приближно 11,000 американски долари. Сите домови имаат радио станици на покривите кои се насочени кон една од радијата кои ги испраќаат сигналите. Секој дом има пренасочувач во домот за пристап на интернетот. Најдобриот дел е што граѓаните може да го користат интернетот неограничено.