Мозоците на цицачите се неверојатно густо поврзани. Иако напредна, денешната технологија не овозможува реплицирање на ваков мозок.
Изградбата на компјутер кој може да работи 1% од работата на човековиот мозок би имала потреба од електрична енергија за 250.000 обични компјутери. Меѓутоа, благодарејќи на едно научно истражување сега знаеме како се организирани синапсите.
Тим научници од САД создале база на податоци од 40-годишно истражување на глувчешкиот мозок за да разберат подобро како функционира истиот. Тие сега имаат „виртуелен дијаграм“ од мозокот на животното.
Научниците направиле анализа на врските во мозокот за да ја разберат структурата. Тие откриле дека невроните се изградени во серии од помали мрежи кои се наместени во слоеви.
Две помали мрежи - за вид и учење - и функцијата на органите го составуваат внатрешниот дел, додека други две надворешниот дел во слоевите.
Ова наликува на минимален интернет или било каква напредна компјутерска мрежа. Серија од поголеми локални мрежи се поврзуваат заедно итн.
Откритието дека глувците имаат мали мрежи во своите глави не изгледа големо, но разбирањето на структурата не' носи поблизу до создавањето целосен дијаграм од централниот нервен систем.