Ова се мапи од компанијата за телекомуникациски податоци „TeleGeography“ кои покажуваат како фунцкионира интернетот ширум светот.
На
мапата ги гледаме сите подводни оптички кабли кои ги испраќаат податоците од земја во земја. Има повеќе кабли кои се наоѓаат на копно, но овде се покажани само оние подводните.
„Многу луѓе мислат дека интернетот патува преку сателити, но тоа не е така. Тој патува преку овие подводни кабли“, вели Пол Бродски од „TeleGeography“.
Еден оптички кабел е со големина на човеково влакно и испраќа ласерски пулсеви кои ги пренесуваат пораките во милисекунди од Њујорк до Лондон.
Најголемиот ризик за каблите се рибарските бродови и бродовите кои влечат сидро. Понекогаш тие се оштетуваат од земјотреси, но доколку еден кабел се скрши, интернет сообраќајот се пренесува на друг кабел.