X
 10.11.2015 Наука

Генетската причина поради која сакате да патувате

Постојат луѓе кои никогаш не би излегле од својот дом. Но, на другата страна од спектарот се наоѓаат оние кои никогаш не би останале во домот на подолг период. Ова се луѓето кои имаат желба да видат и искусат што повеќе од светот. Има и научно објаснување за овие феномени.


Во 1999 година, 4 научници од „Ирвин“ објавиле истражување за миграцијата на населението и варијациите на нивото на допамин низ светот. За време на истражувањето било откриено дека луѓето со генот ДРД4 почесто патуваат и се селат. Сите учесници во истражувањето со овој ген имаат долга историја на патување.

Носителите на овој ген биле генетски предодредени да мигрираат, но само мал дел од луѓето го имаат овој ген. Историски гледано, овие луѓе биле главните двигатели на поместувањето на човековите цивилизации надвор од Месопотамија, движејќи ги во Европа, Азија, Африка и Америка.


Генот се поврзува и со зголемената желба за истражување нови места, идеи, храна, врски, лекови или сексуални искуства. Генерално, тој бара нови авантури.

Оваа природна желба за истражување најинтензивно се изразува кај децата, кои сакаат да експериментираат. Луѓето кои ја задржуваат оваа авантуристичка нишка во себе и во подоцнежните години се авантуристите кои не престануваат да се движат.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука