Европската комисија објави повик за доделување пропусници за воз за 35.000 млади луѓе. Пропусниците ќе бидат наменети за истражување на Европа.
Повикот е за кандидати од земјите што се дел од програмата „Еразмус +“, во кои е вклучена и Македонија. Повикот е отворен од 11 октомври до 25 октомври. За да добијат пропусница, младите треба да се пријават на
овој линк и да одговорат на неколку прашања.
Пропусниците ќе може да се искористат во период од најмногу 30 дена, од 1 март 2023 до 29 февруари 2024. Успешните кандидати ќе добијат и картичка за попусти за користење јавен превоз, сместување, храна, културни и спортски активности.
Кандидатите треба да се родени помеѓу 1 јануари 2004 и 31 декември 2004 година.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay