X
 23.08.2017 Живот

Првпат одите во Германија? Овие работи ќе ви одат на нерви

 Секогаш е возбудливо кога првпат ќе стапнете во друга држава. Но, постојат неколку работи што можат да ве изнервираат, особено ако сте во посета на Германија.


1. Не можете да добиете вода од чешма во ресторан

Доколку нарачате оброк и не сакате да трошите дополнително пари на пакувана вода, во повеќето ресторани сигурно ќе ве одбијат ако побарате вода од чешма. Оние што нема да ве одбијат ќе ви наплатат половина евро.

2. Сè е затворено во недела

Ако подолго време престојувате, можеби на ова ќе се навикнете. Но, кога првпат ќе пристигнете во Германија, нема сомнение дека ќе се изненадите кога ќе видите дека во недела ништо не работи. Во текот на летото, во неделите се преполни парковите, а семејствата поминуваат заедничко време. Но, тоа може да претставува проблем ако имате потреба да купите некои работи бидејќи супермаркетите се затворени. Може да наидете на отворена продавница само на железничка станица или на аеродром.

3. „Anmeldung“ – регистрирање кај надлежните

Ако престојувате во Германија повеќе од 3 месеци, мора да ја регистрирате вашата адреса кај локалните власти. Иако ова не звучи како проблем и претпоставувате дека сето тоа може да се среди онлајн, во Германија е поинаку. Таму треба да закажете состанок и да поднесете одредени документи, а ако сте во Берлин, тешко ќе можете да закажете и состанок, односно ќе чекате еден месец или 6 недели.

4. Треба да ги спакувате кесите во супермаркет со брзина на светлината

Купените производи брзо се скенираат и имате многу малку време за да ги спакувате во кеси. Кога ќе ви ги скенираат производите, веднаш треба да платите бидејќи тие веднаш започнуваат со скенирање на производите на следниот купувач. Совет за купување во Германија е да бидете екстремно брзи.

5. Хартиени билети и валидни печати

Луѓето што пристигнуваат во Германија добиваат хартиени билети. Ако не зборувате и не читате германски, ќе биде тешко да дознаете дека на ливчето пишува оти е потребно да добиете печат на билетот за да биде валиден. Уште еден проблем е тоа што инспекторите за билети се обично облечени, односно не носат униформи, па тешко е да дознаете кому да му се обратите. Многумина се збунети кога обичен човек ќе им пријде и бара да го отпечати нивниот билет.

6. Тешко се наоѓаат дури и основни лекови

Во супермаркетите не можете да најдете лекови против болки, па за сите медицински производи треба да се упатите во аптека. Во недела ништо не работи, па повторно би требало да одите до аеродром или до некоја поголема станица за да се снабдите со обичен лек против главоболка.

7. Уредите и апаратите изгледаат како да се старомодни и надвор од употреба

Во Германија нема уреди за депонирање на остатоците од храна, како што е случај на пример во САД. Ретко да наидете и на фен, како и на машина за сушење алишта.

8. Кеш наместо картички

Во многу ресторани и на други места во Германија обично се плаќа со готовина. Често се случува ако сакате да платите со картичка, да морате да потпишувате сметки, што веќе е исфрлено од употреба во поголемиот дел од светот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот