Дали сте препознатливи по дозата хумор која ја внесувате во секој разговор? Дали иронијата е највисокиот облик на вербална уметност според вас? Тогаш, освен саркастична личност, треба да се сметате и за интелигентна.
Едно истражување од Факултетот за бизнис при „Харвард“ открива дека сарказмот е „нависокиот облик на интелигенција“. Авторите на истражувањето ги анализирале когнитивните искуства на саркастичните луѓе и нивните последици во однесувањето за да видат дали сарказмот е начин на врховно размислување.
Било откриено дека најсаркастичните помеѓу нас предизвикуваат најмногу конфликти, но и покажуваат зголемена креативност. Во друго истражувањето било откриено дека сакразмот ја зголемувал креативноста во облик на апстрактно размислување.
Она што е најимпресивно е нашата способност за препознавање сакразам, што се поврзува со нивото на интелигенцијата. „
Смитсонијан“ покажува дека изложеноста на сарказам ја зголемува креативноста при решавањето проблеми и мозокот работи подобро кога го разбира сакразмот.