X
 02.08.2016 Наука

Зошто жените се попаметни од мажите?

Споредбата на интелигенцијата и полот обично не дава некоја продуктивна дискусија, но понекогаш имаме можност да прочитаме за истражување вредно за дискусија.

 

zeni


Истражување кое траело со децении недвосмислено покажува дека мажите се еднакви во генералната интелигенција (IQ), меѓутоа ова не е случај кога станува збор за емоционалната интелигенција (EQ). Постојат неколку суптилни и не толку суптилни разлики во изразувањето и разбирањето на емоциите на мажите и жените кои потребно е да бидат анализирани и сфатени.

Полот е нешто од кое произлегуваат етикетите поврзани со емоциите. Ваквите генерализации ги поврзуваат жените со тоа дека се „поубав пол“, дека се поемотивни, додека за мажите велат дека се емоционално поиндиферентни. Меѓутоа, ниту една од овие фрази не е вистина.

„На жените кои сакаат да бидат еднакви со мажите им недостига амбиција“ - Тимоти Лири.

„TalentSmart“ ја тестираше емоционалната интелигенција на повеќе од милион луѓе. Резултатите покажаа дека жените преовладуваат кога станува збор за овој вид на интелигенција. Додека вкупната EQ кај жените е само за неколку поени повисока од онаа на мажите, ова е статистички значајна разлика која покажува дека жените имаат подобри вештини кога станува збор за користењето на емоциите.

Меѓутоа, не го одговара прашањето: Зошто?

 

mazi


За да се разбере зошто жените имаат подобри поени од мажите, потребно е да се погледне во поените за секоја вештина од емоционалната интелигенција по пол. Постои интересен модел на податоци што укажува на интересно објаснување во врска со јазот.

Самосвест


Самосвеста е поврзана со тоа колку добро ги сфаќате сопствените емоции во моментот, како и колку добро ги сфаќате вашите тенденции - луѓето и ситуациите со кои се справувате добро и оние кои ве нервираат. Ова е единствената вештина каде мажите и жените имаат еднакви поени. Исто така, ова е вештина за која мажите имаат лоша репутација. Луѓето често претпоставуваат дека мажите не се во согласност со сопствените емоции или пак не ги сфаќаат. Очигледно, ова не е случајот. Се разбира, мажите имаат тенденција да се преправаат дека немаат свест и разбирање за сопствените емоции, со надеж дека ќе избегнат било каква одговорност за своите постапки.

Самоуправување


Самоуправувањето е она што го правите со вашите чувства откако ќе станете свесни за нив. Бидејќи емоциите не може да исчезнат, ефективното самоуправување бара канализирање на сопствените чувства и создавање на однесување кое го сакате. Ова е единствената област каде мажите ги надминуваат жените. Најдоброто објаснување за родовите разлики во емоционалната интелигенција е како сме се социјализирале додека сме растеле (засилено со притисокот кој го чувствуваме како возрасни). Во случај на самоуправувањето, од мажите често се очекува да бидат емоционално „силни“ и да ги контролираат емоциите, што објаснува зошто тие имаат повеќе поени од жените.

Општествена свест

Општествената свест е поврзана со тоа колку добро ќе ги разберете чувствата и искуствата на другите луѓе. Ова бара способност да го вклучите говорот на телото и другите невербални сигнали бидејќи луѓето не кажуваат често што им се случува. Ова е област каде жените имаат повеќе поени од мажите со прилично голема разлика. Исто така, ова е вештина која покажува дека жените ја имаат и ја практикуваат уште од детството. Правилно или не, од жените се очекува да се грижат за другите луѓе (и се наградени за тоа). Ова им дава предност кога станува збор за општествената свест. Мажите, на нивна штета, не се наградени за општествената свест на ист начин како жените и ова се пренесува и во зрелоста.

Управување со односите

Управувањето со односите се наоѓа на врвот на емоционалната интелигенција. Од вас бара да користите самосвест, самоуправување како и општествена свест за да ги подобрите вашите врски во интеракцијата со другите луѓе. Не можете да се надевате дека вашите интеракции ќе бидат на високо ниво, доколку не ги разберите вашите емоции ниту пак нивните. Жените имаат мала предност тука.

Предноста

Емоционалната интелигенција претставува значајна предност за жените на работните места. Без разлика дали сте маж или жена, немојте да мислите дека вие сте единствената личност со висока емоционална интелигенција - таа е флексибилна вештина и може да се подобри.

Што можете да преземете за подобрување на емоционалната интелигенција?

Ограничете го внесувањето на кофеин - Пиењето прекумерни количини на кофеин предизвикува ослободување на адреналин, а адреналинот е извор на рационалното размислување во корист на побрз одговор за обезбедување на опстанокот. Ова е одлично кога ве брка мечка, меѓутоа не кога одговарате на меил. Кога кофеинот ве става во ваква хипер-предизвикувачка состојба на стрес, вашите чувства преовладуваат над вашето однесување.

Овозможете си добар сон - Сонот е важен за зголемување на вашата емоционална интелигенција. Кога спиете, вашиот мозок се ослободува од токсичните протеини од своите неврони кои се нус-производи од нервната активност додека сте будни. За жал, мозокот може соодветно да се ослободи од нив само кога спиете. Такашто, кога немате доволно сон, токсичните протеини остануваат во мозочните клетки, предизвикувајќи хаос со тоа што ја нарушуваат вашата способност за размислување. Индивидуалците со висока емоционална интелигенција знаат дека самоконтролата, вниманието и меморијата се намалени доколку немаат добар сон. Затоа за нив спиењето е приоритет.

Престанете со негативното размислување за себеси - Колку повеќе се насочувате кон негативните мисли, толку поголема моќ им давате. Повеќето од нашите негативни мисли се токму само мисли - не и факти. Емоционално интелигентните луѓе ги одделуваат нивните мисли од фактите со цел да го избегнат кругот на негативност и да се движат кон позитивните мисли и чувства.

Ценете го она што го имате - Бидете благодарни на она што го имате; со ова ќе го подобрите вашето расположение бидејќи го намалувате хормонот на стрес, кортизол за 23%. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија открива дека луѓето кои работеле секојдневно на благодарноста кон работите што ги имаат имале подобро расположение, енергија и физичка благосостојба. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука