X
 15.04.2020 Живот

Зошто било забрането зборувањето на телефон за време на шпанската треска?

Луѓето мора да прават многу компромиси за доброто на сите за време на пандемијата на коронавирусот со која се соочува светот во моментов. Сепак, барем ни е дозволено да останеме во контакт со најблиските преку телефон.

Тоа може да биде мала утеха со оглед на тоа што на Американците не им било дозволено користењето телефон за време на пандемијата на таканаречената шпанска треска во 1918 година. За време на таа пандемија 500 милиони луѓе низ светот се заразиле, а 50 милиони луѓе починале.

Вирусот се ширел низ САД во време кога приближно една третина од домаќинствата имале телефони. Пред пандемијата, компанијата „Бел телефоун“ го промовирала телефонот во времиња кога најблиските биле принудени да бидат оддалечени поради одредени болести.

Но ситуацијата се сменила при ширењето на шпанската треска бидејќи биле потребни оператори за користење на аналогните телефонски системи. Соодветно, вработените имале поголеми шанси да се разболат, па затоа мал дел од нив останале да работат и биле намалени капацитетите на телефонските компании.


Фото: Pixabay

Компаниите потоа почнале акција во која ги замолувале корисниците да не ги користат нивните телефони. Сите оние што сепак го користеле овој уред биле замолени да го ограничат разговорот и да го користат телефонот само за итни или медицински потреби.

Подоцна автоматизираните повици ја намалиле и ја елиминирале потребата од оператори, но на некои места тие работеле до 80-тите години.

Автор: Џејк Росен
Извор: mentalfloss.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот