X
 12.11.2015 Образование

Ученичка дава совршен одговор на една математичка задача

Се чини како прилично стандардна домашна задача, меѓутоа оваа ученичка во основно одделение на нејзината домашна задача го напиша најдоброто нешто.

 

одговор


Ученичката во четврто одделение, Меди Даглас доби домашна работа по математика во која пишува дека неколку пријатели излегувале со исти девојки.

„Во средно училиште, Френк, Мајк, Џорџ и Рон имаа четири различни девојки. Вториот пат Френк беше во врска со Роуз, а Џорџ со Кеј. Третиот пат Мајк беше во врска со Мери и Рон со Луиз. Четвтриот пат Џорџ беше во врска со Луиз, а Рон со Кеј. Потребно е да кажете која девојка била во врска со кое момче“.

Во основа, сите луѓе од групата оделе еден со друг - на еден начин задачата потсетува на епизода од Беверли Хилс 90210.

Меди наместо да ја реши задачата, таа подолу напишала:

„Не можам да одговорам на овој проблем бидејќи еднаш мојата мајка ми рече дека според непишаниот код на другарките, не треба да бидеме во врска со поранешното момче на другарка“.

Се` што можеме да кажеме за Меди е дека е одлична другарка и мудра личност и покрај нејзините години. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование