Распишан новиот конкурс за запишување на студенти/питомци за потебите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, од страна на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје како и за студенти за насоката кризен менаџмент, заштита и спасување на прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати кои сакаат да студираат на Воената академија, а ги исполнуваат условите кои се бараат во конкурсот, да ги поднесат своите пријави.
Од академијата известуваат дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани резултати и квалитети на пријавените кандидати.
Роковите за пријавување на документите во првиот уписен рок се: 27, 28 и 29 јуни 2016 година, а кандидатите можат да се пријават од 08.30 до 16.30 часот на Воената академија. Документите од државната матура и свидетелствата можат дополнително да се достават до крајот на јули оваа година.
За подетални информации посетете ја
страната на Министерството за одбрана, или
страната на Воената академија.