X
 27.06.2017 Забава

Што кажува за вас помнењето на овие зборови?

Меморијата е суштинска алатка со која функционираме секој ден. Со ова видео од ASAP Science сега може и да ја тестирате.


Фото: Pixabay

На екранот ќе Ви се појават 15 зборови и ќе треба да запамтите и да запишете што повеќе можете. Во главно се кратки и основни како сода, горчливо и чоколадо.



Откако ќе завршите има објаснување што значи ако сте запамтиле одреден збор. Но тука нештата стануваат чудни.

„Изненадувачки е тоа што луѓето е поверојатно да напишат „слатко“ иако не е на листата. Ова се нарекува лажна меморија. Тоа е психолошки феномен кога личноста памети нешто што не се случило.“

Во видеото се појаснува дека меморијата првин се формира во хипокампусот каде се креираат и нови неврони. Информацијата е снимена од невроните кои се менуваат и се „креираат синапси и врски“. Но често фокусот е само на поголемите детали. Ако меѓу доживувањето на настанот и обидувањето да се потсетиме на нешто, добиеме нова информација, тоа може да ја промени меморијата. И што повеќе ќе се сеќавате на новата меморија, тоа повеќе се вградува во мозокот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава