X
 19.11.2015 Наука

Нов тест открива рак со 96% точност

Традиционалните методи за откривање рак бараат многубројни скенирања, а понекогаш и хируршки зафати, но нов метод на откривање на болеста може да бара само капка крв од прстот.


Истражувачи од шведски универзитет создале нов тест на РНК кои може да откриваат и препознаваат место на присуство на рак во телото со анализа на само една капка крв.

- Откривањето на ракот во раната фаза е витално. Истражувавме за да создадеме сосема нов метод базиран на крв кој може да се користи за откривање рак, што во иднина би можел да ја елиминира потребата од земање примерок од ткиво за дијагноза на рак на белите дробови, на пример - изјави Џонас Нилсон, истражувач од универзитетот.

Техниката сè уште не е 100% совршена, но ветува многу. Истражувачите откриле рак со 96% точност за време на тестирањето на новиот метод.

Методот бил тестиран на 283 индивидуалци, од кои 228 имале некаков вид рак. Кај 39 пациенти кои имале дијагноза на рак подолг период, методот открил рак со 100% точност.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука