X
 24.11.2015 Култура

Другата погодена страна од бегалската криза која често се игнорира

Додека илјадници бегалци влегуваат во Европа од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан, фотографите од целиот свет ги забележуваат нивните патешествија. Словенскиот фотограф Сирил Јазбец е еден од нив. Но, овој фотограф ги фотографирал бегалците во сопствената земја.


Некаде околу средината на октомври, Јазбец патувал до малото село Ригонце во Словенија, кое се наоѓа на патот кој го поминувале бегалците. Десетици илјадници бегалци поминале низ ова село за само десетина дена кадешто живеат само 176 луѓе.

Селото кое некогаш било сметано за најубаво по својата природа и во кое жителите се занимавале со земјоделство и сточарство водејќи мирен живот тогаш било преплавено од илјадници бегалци. Јазбец бил изненаден од благодарноста на бегалците, но и од односот на словенските жители.

Тој тогаш првпат забележал дека и Европејците се погодени од бегалската криза, не само бегалците. Многу од жителите во селото не спиеле од страв и поради звуците од хеликоптер во текот на ноќта. Јазбец низ своите фотографии покажува две погодени страни, не само една. Но, и двете страни се еднакво невини. Сите фотографии на Јазбец погледнете ги во галеријата.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура