„Футуризм“, онлајн-магазин, произведува неделни цртежи што го прикажуваат секојдневниот живот во иднината.
На серијата цртежи работат три лица: Лука Кингма, Лу Патрик Макеј и Јакоб Банас.
Фото: Futurism
- Во поширока смисла ги истражуваме односите на човештвото со технологијата, сега и во иднината. Дел од тоа на луѓето им дава увид како би можела да изгледа иднината на лично ниво: лошото, доброто, апсурдното - вели Кингма.
- Во многу случаи ги разгледуваме новите технологии што сѐ уште се во развој и се прашуваме што би можело да се случи следно. Другпат земаме нешто интересно и смешно за луѓето и се прашуваме како сето тоа би изгледало доколку се инволвирани роботите.
Погледнете ги генијалните футуристички
цртежи.