X
 27.11.2015 Технологија

Непријателите на Анонимуси - од Исис до ККК

Анонимус, хакерската група која препрасна во политички ѕвер, најчесто се бори за да обезбеди одмаздничка правда.


2

 

Групата неодамна се наоѓа на насловните страни на медиумите поради нивните анти-Исис напори (#OpISIS) со кои бришат илјадници Твитер профили поврзани со Исис. Но како оваа група се префрли на антитероризам?


Анализа на речиси 100 операции на Анонимус и напади извршени уште од формирањето на групата во 2006 година покажува дека во минатата година, хактерите го промениле правецот. Во текот на една деценија од нивното постоење, нивната филозофија и методи останале доследни, меѓутоа нивните цели и мотиви се промениле во последниве години. Се насочува далеку од борбата против корупцијата на владата и цензурата на интернет, и се фокусира повеќе кон искоренување на тероризмот, националистичките групи и полуциската бруталност.

Причините на Анонимус може да се поделат во девет категории: корупција на власта и угнетување, слобода на интернет, одмазда, полициска бруталност, злоупотреба на деца и силување, верска корупција, хејтерски групи, корпоратократија и тероризам. Обединувачката тема меѓу сите овие напади се почитување и заштита на слободата на невините.

 

2

 

Анонимус произлегуваат од форумот 4Chan.org, кадешто анонимни корисници објавувале се` што ќе посакале. Околу 2006 година, оваа група излезе од форумите и започна да прави шеги и изненадни напади. Една од нивните први цели беше Хабо, виртуелен хотел и страна за социјално вмрежување водена од администратори за кои Анонимус верувале дека се рацисти. За време на нападите на Хабо, Анонимус создавале афро-американски аватари облечени во црни костими и големи афро фризури. Овие црни пливачи формирале човечки кукаст крст во близина на базенот на хотелот и тврделе дека виртуелниот базен бил „затворен“ поради СИДА.

Со текот на времето, овие напади станувале помалку гангстерски и повеќе праведни. Во декември 2006 година, групата го нападнала расистичкиот радиоводитеел Хал Тарнер, исклучувајќи ја неговата веб страна со што го чинеле илјадници долари. Една година подоцна, наводно Анонимус помогнале во апсењето на предаторот на деца Крис Фроканд. До 2008 година, Анонимус беа подготвени за нивното светско дерби.

Прв пат Анонимус добиле поголемо медиумско внимание откако групата го лансира проектот „Project Chanology“ - напад на Скиентологијата. Нападот првично било инспириран откако Анонимус виделе напад на Скиентолозите на интернет слободата откако религиозната организација побара од „Gawker“ да го избриши видето во кое Том Круз лудо зборувал за Скиентологијата. Но, во нивната јавна порака, Анонимус изјавија дека се борат за следбениците чијашто доверба оваа религија ја злоупотребила.

Нападот - како нападите кои доаѓале претходно, воглавно се состоел во исклучување на страните за Скиентологија заедно со DDoS напади, меѓутоа IRL протестот на 10 февруари го покажа вистинското лице на Анонимус. Илјадници членови одговориле на „Call to action“ видео напаѓајќи ги центрите на Скиентологија на околу 100 градови низ светот.

 

Во 2009 година, Анонимуси го насочија вниманието кон уште поголеми организации за кои групата веруваше дека се угнетувачки национални влади. Следниот чекор беше кога Анонимус ги нападнаа страните на иранската влада и во соработка со „The Pirate Bay“ за да создаде веб страна која им помогна на „Iranian Green Movement“ да сподели информации кои не се цензурирани од страна на владата.


Во текот на Арапската пролет, Анонимус ги исклучија владините веб страни на Тунис и Египет. Во 42% од нападите, биле напади врз владини тела.

Но, не сите напади над владите биле за заштита на граѓаните. Многу биле одговори на нападите на отворениот интернет. Слободата на интернетот е заедничка нишка на скоро сите мисии на Анонимус, но во 2010 година, оваа нишка стана јаже кое стана колектив преку масивни операции насочени исклучиво кон лица кои се обидуваат да го цензурираат интернетот и да ги спречат луѓето да споделуваат информации слободно.

Овој нов фокус почна со „Operation Payback (aka Payback is a bitch)“. Анонимус ја нападнале „Recording Industry Association of America“ и „Motion Picture Association of America“ откако пронајде дека филмските студија работиле со индиската компанија „Aiplex Software“ за да DDoS напади на страни кои имале пиратирана содржина. Анонимус го извршија еден од најголемите напади - таргетираните веб страни беа исклучени 538 часа.

Операцијата „Payback“ стана се` посилна со создавањето на WikiLeaks.

„Тролање“ на терористи

Операциите беа кратко прекинати во 2013 година откако ФБИ уапси петмина членови на Анонимус. Но, групата се врати со „Operation Ferguson“ кадешто имаше забележителна разлика.

Од околу 13 операции кои Анонимус ги најавиле уште од враќањето во 2014 година, повеќето од нив се фокусирани на полициска бруталност, терористи и националистички групи. Во пресрет на нападот на Чарли Хебдо, Анонимус започнаа да ја таргетираат Ал-Каеда, Исис и други терористи. Еден месец подоцна, операцијата „Ice ISIS“ се фокусираа само на Исис. Откако членовите на терористичката група го нападнаа Париз убивајќи 130 луѓе, Анонимус им објавија војна на Исис. На француски, Анонимус најавија: „Очекувајте масивни сајбер напади. Објавена е војна. Подгответе се. Анонимус од целиот свет ќе ве ловат“.

Од почетокот на нападите, Анонимус тврдат дека исклучиле 20.000 Исис твитер профили. Но според неодамнешниот извештај од „The daily dot“, Твитер работниците кои работат на бришење на било кои екстремистички профили не им обрнуваат внимание на листата на Анонимус бидејќи тие се неточни. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија