X
 09.02.2018 Технологија

Украден тајниот код на „ајфонот“

Тајниот дел од софтверот на „ајфонот“ се појави онлајн. Компанијата „Епл“ крена паника бидејќи тоа ќе им овозможи на хакерите да влезат во добро чуваниот систем.


Откривањето на тој заштитен дел на софтверот ќе им овозможи на хакерите да пронајдат дупки во безбедносниот систем на „ајфонот“. Безбедносните експерти велат дека не мора да значи оти корисниците на „ајфон“ се веднаш изложени на ризик, но напоменуваат дека хакерите сега ќе бидат во можност да го анализираат кодот и подоцна да го искористат за манипулација. Велат и дека корисниците на „ајфон“ ќе се соочат со проблеми малку подоцна.

Случајот е откриен кога еден од корисниците на тој паметен телефон го објавил кодот на веб-страницата „ГитХаб“, каде што корисниците разменуваат различни кодови.

Како што пишуваат американските медиуми, кодот го открива системот „Ајбот“ на „ајфонот“, кој се активира кога телефонот ќе се вклучи. Според првите процени, се наведува дека сега хакерите ќе бидат во можност да вметнат вирус во телефоните или алатки за надзор. Џонатан Левајн, еден од шефовите во „Епл“, истакнал дека ова е најголемото протекување на информации во историјата.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија