Поради неодамнешните терористички напади во Франција и заканите кои подоцна беа насочени кон Брисел, многу туристи беа во искушение да останат дома и да не го реализираат своето патување.
Но, според индексот за глобален тероризам на Институтот за економија и мир, 97% од терористичките напади во последните 15 години се случиле во земјите кои не припаѓаат на Западот.
За време на составувањето на листата земени се во предвид сигурноста во сопствениот дом, војската, како и учеството на домашни и меѓународни конфликти. Еве како изгледа топ листата на 15 најбезбедни земји.
1. Исланд
2. Данска
3. Австрија
4. Нов Зеланд
5. Швајцарија
6. Финска
7. Канада
8. Јапонија
9. Австралија
10. Чешка
11. Португалија
12. Ирска
13. Шведска
14. Белгија
15. Словенија
Америка има малку поразличен став во врска со ова прашање. Државниот секретаријат неодамна објави предупредување дека ниту една земја не е безбедна за патување и ги советуваше граѓаните да бидат доста внимателни доколку се одлучат да ги напуштат државните граници. Предупредувањето ќе биде на сила до 24 февруари 2016 година.