Честопати
наидуваме на некои тврдења за кои и самите не сме сигурни од каде
потекнуваат, но и дали се точни, така што општо е прифатено мислењето
дека во Русија секогаш е зима. Затоа, на популарната социјална мрежа
„Редит“ почнала дискусија, а
корисниците од различни земји во светот ги споделија стереотипите со
кои најчесто се среќаваат.
Кенија
-
Кога ќе споменам дека сум од Кенија, веднаш следуваат прашања дали се
занимавам со атлетика и колку често се среќавам со диви животни - вели
еден интернет-корисник.
Грција
- Неверојатно, но некои
корисници и понатаму прашуваат дали Грција е држава. Веројатно мислат
дека постоела само во антиката - вели еден редит-корисник.
Освен
тоа, кај тие што знаат за земјата преовладува мислењето дека Грците
всушност воопшто не работат, туку уживаат во животот консумирајќи
фета, маслинки, вино и маслиново масло.
Фото: Freepik
Шпанија
-
Не, не знаеме сите да танцуваме фламенко, борбите со бикови не се
најпопуларната работа во земјата - напиша еден корисник. Друг додаде
дека не е точно дека секој ден уживаат во сиеста и попладневниот
одмор.
Естонија
- Луѓето мислат дека сме Руси или
дека зборуваме руски или дека нашата култура е иста. Ова не е точно.
Младите луѓе воопшто не го познаваат рускиот јазик, а повозрасните го
знаат бидејќи земјата долги години беше дел од Советскиот Сојуз. Други
веруваат дека сите балтички земји ги делат јазикот и културата, но
естонскиот јазик е специфичен и најсличен е со финскиот и унгарскиот. Има и
такви што мислат дека живееме на работ на цивилизацијата, без интернет и
чиста вода, а Естонија всушност е една од технолошки најразвиените
земји - објаснува корисникот „Ајемнејмјузер“.
Австрија
-
Неверојатно, но добар дел од луѓето и понатаму ги мешаат Австрија и
Австралија - вели корисникот „Реди-4-Редит“. Друг додава дека не носат
цела година „ледерхосен“ (кожени пантолони карактеристични за Тирол, но и
Баварија), а и не пијат пиво во текот на целата година.
Фото: Freepik
Индонезија
-
Кога ќе дојдете на Бали, не доаѓате во држава. Бали е дел од
Индонезија, а не е посебна држава - објаснува еден корисник. Овој
стереотип кажува многу за моќта на Бали, која туристички е толку
препознатлива што туристите мислат дека стигнале во некоја нова држава.
Извор:
B92.net |
Reddit
Фото: Freepik