X
 09.02.2017 Култура

Земјите кои нудат најдобри услови за семеен живот

Преселувањето во странство за голем дел од семејствата е прилично стресно и постојат многу работи кои треба да се земат во предвид кога станува збор за квалитетот на животот.

luksemburg

Иселениците треба да размислуваат за сè, од пристап па сè до поволно и квалитетно образование, достапни слободни активности и благосостојбата на семејството како и секојдневните трошоци како што се трошоците за преселување, сметки и слично.

Истражувањето спроведено од „InterNations“, најголемата мрежа во светот за луѓе кои живеат и работат во странство, оцени 43 различни аспекти на животот во странство, на скала од 1 до 7.

Еден од под-индексите е индексот за семеен живот, во кој беа оценети 45 земји. Иселениците дадоа оценка за детската заштита и образованието, здравјето и безбедноста на децата. За да биде вклучена во индексот, секоја земја требаше да има најмалку 31 испитаник чии деца пораснале во странство.

Ова се најдобрите земји:

19. Јужна Кореја
18. Мексико
17. Филипини
16. Сингапур
15. Јужна Африка
14. Луксембург
13. Холандија
12. Полска
11. Франција
10. Германија
9. Белгија
8. Тајван
7. Австралија
6. Норвешка
5. Шведска
4. Австрија
3. Израел
2. Чешка
1. Финска
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура