X
 05.12.2015 Образование

Најнеобичните училишта во светот

Можеби не може да одиме на „Хогвартс“, но постои училиште за волшебници во Калифорнија. „Рејбурн турс“, компанија која ги носи учениците на специјални едукативни екскурзии низ светот, направи листа од некои од најнеобичните училишта на Земјата.


Така, од нивната листа учиме дека на Исланд постои училиште во кое сè е посветено на џуџињата. Сите предмети се во областа.

Во Масачусетс, пак, постои училиште за вештерки. Поголемиот дел од 40.000-те ученици ги слушаат предметите онлајн, а училиштето е сместено на истото место кадешто приближно 200 луѓе биле обвинети за вештерство пред повеќе години.

За фановите на Хари Потер, во Калифорнија постои училиште за волшебници. 16-те насоки покриваат алхемија, производство на магични стапчиња, одбрана од темни сили итн.

Во училиште во Бруклин, учениците немаат програма, тестови и оцени и се слободни да бираат што ќе учат. Наставниците се само модератори, а учениците ги држат часовите.

Во селото Миао, училиштето се наоѓа во пештера. Со 8 наставници и 186 ученици, училиштето функционира иако се потребни 6 часа дневно за да се стигне и замине од училиштето.

Во Бангладеш, кадешто има многу дождови, една непрофитна организација направила училници на бродови. Секој брод има интернет, компјутери и мала библиотека.

Најизолираното основно училиште е она во селото Гулу. За да стигнат до училиштето, учениците поминуваат низ тесни премини и опасни мостови, а патот дотаму трае 5 часа.

Во САД постои училиште под земјата, кое било изградено за да функционира и како заштита од нуклеарни напади.

Низ Европа се одржуваат повеќе шумски градинки кои се наоѓаат надвор, во природата. Нивната цел е да им се помогне на учениците да се запознаат подобро со природата.

Книгите се минато за училиштето на иднината во Филаделфија. Тука, наставниците користат апликации и технологии за пренесување на знаењето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование