Денес низ цела територија на Македонија ќе преовладува облачно со повремени сончеви периоди. Минималната температурите ќе се движи од 1 до 8 степени, а максималната ќе достигни до 13 степени.
Стабилно време ќе имаме и во понеделник. Ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Овие врнежи се очекуваат во северните предели, а треба да се напомене дека се работи за сосема слаби локални врнежи. Утринските температури од -2 доо 5 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.
Пролетно време не очекува во вторник. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Температури ќе бидат во пораст. Утринските ќе се движат од 0 до 7 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 12 односно до 21 степен.
Weather4all.com.mk