Оваа задача се појавила во божиќниот додаток на „The weekly dispatch“ во 1896 година. Била измислена од Хенри Ернест Дуднеј, најголемиот иноватор на математички загатки во Велика Британија, кој помогнал во претворање на 19-от век во златно доба за областа.
Подолу најдете илустрација од 12 пити на маса. Има 6 прави редови - секој претставен со испрекината линија - со 4 пити во секој ред. Задачата е да се поместта 4 пити на нови места за да има 7 прави редови со 4 пити во ред.
Кои 4 пити ќе ги поместите и каде?