X
 26.12.2015 Култура

Книжарницата во која се продава само една книга

Во Јапонија постои една книжарница која продава само една книга. Технички, продава многу копии од една книга, но во суштина, на нејзините полици се наоѓа само еден наслов.

 

1


Книжарницата „Morioka Shoten“ во сопственост на Јошуки Мориока се наоѓа во ликсузниот трговски кварт во Гинза, Токио и нуди само еден наслов за своите клиенти кој се продава во една соба.

Како што вели сопственикот, тој неодамна ја отвори книжарницата со овој концепт откако сфатил дека поголемиот дел од неговие клиенти од претходната книжараница што ја имал, купувале само една книга од голем број избор.

„Оваа книжарница која продава само една книга може да се опише како „книжарница која организира изложба само за една книга“, вели тој. Мориока додава дека тој самиот го создава дизајнот на неговата продавница пред да се лансира изложениот наслов.

 

2


„На пример, ако се продава книга за цвеќињата, тогаш книжарницата прикажува цвеќе кое се споменува во книгата. Исто така, јас барам од авторите и уредниците да бидат во книжарницата онолку време колку што можат да седат. Ова е обид со цел да се направи дводимензионална книга во тродимензионален амбиент и искуство. Верувам дека клиентите или читателите треба да се чувствуваат како да влегуваат во самата книга“, вели Мориока.

Досега тој има продадено околу 2.100 книги, а првиот наслов кој ќе го продава во 2016 година ќе биде фото-антологијата на Масеру Тацуки наречена „Fish-man“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура