X
 26.05.2017 Култура

Олдос Хаксли: „Постои само еден агол од универзумот кој можете да го подобрите - себеси!“

Предодреден да биде лекар, роден во семејство на познат научник и писател, Олдос Хаксли успеал да стигне до академските врвови, сè додека не дознал дека боледува од кератитис, болест која му го одзела видот.

Олдос е најпознат по неговиот дистописки роман „Храбар нов свет“ во кој ја опишува иднината на човештвото под власта на технократска елита и капиталисти, алудирајќи на имињата на политичките и економските владетели на времето во кое ја пишувал книгата. Овој роман пророчки ги опишал начините со кој се манипулира општеството, кои во голема мера се присутни и денес.

Тој имал љубопитен дух, бил хармоничен, ерудит, се интересирал за различни области од природните науки и книжевноста до парапсихологијата, религијата и филозофијата. Со желба за поголемо знаење експериментирал со психоделични дроги и се запознавал со духовните концепти на далечниот исток.

Во овие цитати можеме да запознаеме мал дел од она што претставувал Олдос Хаксли и неговото дело.

- Секој човек кој знае да чита има моќ себеси да се направи подобар, да ги усоврши начините на неговото постоење и својот живот да го направи поисполнет, позначаен и поинтересен.

- Интелектуалецот е личност која открила нешто поинтересно од сексот.

- Никој од вас не бара да бидете ништо друго освен човек. А не ангел или ѓавол. Човечко суштество кое на затегнато јаже чекори внимателно, балансирано, со ум, свест и дух на едниот крај на столбот за рамнотежа и тело и инстинкт и сето она што е несвесно, земно и таинствено на другиот крај на столбот. А да се балансира е ѓаволски тешко.

- Не постои слобода на овој свет, постои само златен кафез.

- Колку е поголема моќта и оригиналноста на умот кај некој, тој повеќе се насочува на религијата и осаменоста.

- Треба да ја дознаете вистината и вистината од вас ќе направи лудак.

- Логиката, во светлината на живата вистина, е само бесмисленост. Можете да изберете што сакате, логиката или животот. Тоа е прашање на вкус. Некои луѓе повеќе сакаат да бидат мртви.

- Низ уметноста човек најмногу се приближува кон Бога.

- Колку човек повеќе живее, толку повеќе злото неминовно доаѓа во контакт. Никој не доаѓа неминовно во контакт со доброто. Човек не наидува на повеќе добро со самото тоа што живее подолго. Луѓето отсекогаш обрнувале внимание само на проблемот на злото, како природата на доброто да e нешто очигледно. Постои проблем на доброто кој тежи исто толку колку и проблемот на злото.

- Чувствителните лица може да го заобиколат светот и да се вратат на истата животна филозофија со која тргнале.

- Вистинската љубов, безусловната и бескрајната, може да постои само во вечноста. Љубовта е некомпатибилна со животот. Желбата на вистинските љубовници не е да живеат заедно, туку да умрат заедно.

- Не е лошо да се биде циничен ако човек знаек кога треба да запре.

- Сите големи вистини се очигледни вистини. Но не се сите очигледни вистини големи.

- Ако младите уметници сакаат навистина да изнесат доказ за својата храброст, нека го нападнат чудовиштето на очигледноста и нека го поразат, нека го сведат на состојба на припитомено домашно животно, нека не бегаат од него.

- Луѓето имаат бесконечен капацитет да ги земаат работите здраво за готово.

- Среќата не се постигнува со нејзино свесно барање - таа обично е нус производ од други активности.

- Постои само еден агол од универзумот кој можете да го подобрите - себеси!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура