X
 19.06.2015 Култура

Најважните фрази што треба да ги знаете на секој јазик

Мал дел од нас се хипер-полиглоти, оној вид на луѓе кои можат да зборуваат повеќе јазици. Сепак, културно е да се обидете да го зборувате јазикот на земјата во која планирате да патувате. Затоа треба да ги научите најважните фрази кои сигурно ќе ви бидат повеќе од потребни.

 

zborovi


1. Здраво; Добар ден  - Ова се зборови кои најмногу ќе ги слушате во текот на патувањето, без разлика дали доаѓа од вработените во хотелот, келнерите, продавачите или луѓето низ градот.

2. Не зборувам_____. Дали зборуваш англиски?
- Веднаш после поздравувањето, секогаш доаѓаат овие зборови.

3. Те молам и благодарам - Бидете културни и учтиви колку што можете повеќе. Научете ги зборовите ве молам и благодарам и често користете ги. Сигурно со тоа луѓето ќе бидат повнимателни кога сте збунети и кога се обидувате да ги откриете непознатите обичаи.

4. Помош! - Кога истражувате ново место, добро е да знаете како да прашувате за помош - и да го препознаете овој збор кога ќе го слушните околу вас.

5. Извинете - Патувањето често пати значи и тесен простор, без разлика дали се наоѓате во метро, во автобус, во воз, авион или места со премногу гужва. Во многу јазици „извинете“ може да биде истовремено поздрав или извинување.

6. Каде се наоѓа____? - Можеби нема да можете да го разберете нивниот одговор, но ако изгледате доволно збунети, луѓето ќе започнат да ви покажуваат накаде треба да се упатите.

7. Каде е вецето? - Нема потреба од објаснување. За да не се загинете, добро би било да знаете да го поставите ова прашање.

8. Каде е банкоматот? - Треба да ги знаете зборовите кои ќе ве одведат до местото кое ви е неопходно да извадете пари.

9. Ми треба__ - Да се биде сам на чудно место воведува многу потреби. Само за почеток, мора да јадете и да спиете некаде. И сигурно имате заборавено да спакувате најмалку една важна работа. Затоа треба да знаете како да кажете „Ми треба“.

10. Сметката ве молам! - Во некои земји, некултурно е келнерот да ви ја донеси сметката на маса се` додека не побарате вие. Затоа добро би било да знаете како.

11. Наздравје - Не заборавајте да наздравите!

12. Алергичен/на сум на___ - АКо имате опасна или несекојдневна алергија, треба да знаете да кажете на што сте, за луѓето околу вас да имаат во предвид. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура