X
 15.02.2021 Живот

Прекрасни фотографии ја прикажуваат убавината на полжавите

Кој би рекол дека полжавите се толку фотогенични? Фотографката Катарзина Залужна ја доловува мистичната убавина на овие ситни суштества во волшебни фотографии што ја носат публиката во нивниот свет.

Катарзина успева да го долови шармот преку интимни сцени слични на соништата, што е извонредна техника.

Иако полжавите не се нешто што би очекувале да го најдете во уметничката фотографија, постои квалитет кај нив што постојано привлекува.

- Тие се елегантни и комуникативни, воспоставуваат контакт со луѓето на нивниот примитивен начин. Тоа најмногу ме радува кај нив - вели Катарзина.

Иако полжавите не се брзи, сепак, е потребна голема вештина за да се доловат овие волшебни моменти. За да се добие совршената фотографија, потребни се трпеливост и добро око за да се забележи убавината на она што другите би го сметале за секојдневие.

- Можете да создадете прекрасни фотографии, но потребни се многу трпеливост и чувствителност на светлината и деталите. Фотографирањето на вистинскиот момент е основа за волшебна фотографија. Барам долго време пред да почнам со фотографирање. Честопати полжавот во природата е на непривлечно место, но го поместувам на друго прекрасно растение. Потребна е доста работа за да се добие прекрасна фотографија. Не е само одење надвор, фотографирање и толку. На тој начин ефектот не би бил неверојатен. Сакам да ја покажам природата на поетски начин - вели таа.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот