X
 21.06.2019 Живот

Долго чувани и никогаш претходно видени фотографии од нападот на 11 септември

За првпат се објавени фотографии што за малку ќе завршеле во ѓубре. Фотографиите биле сосема случајно најдени на ЦД за време на чистење во уништените кули близначки по нападот на 11 септември 2001 година.

Се чини дека ги направил засега непознат градежен работник кој работел на чистење на уништените остатоци од кулите и околу нив. ЦД-то било во многу лоша состојба, но научниците успеале да ги извлечат фотографиите.

Меѓу фотографиите се и оние направени од земјата, но и од воздухот. Може да се видат и градежните работници кои работеле на тоа подрачје. Во нападите загинале скоро 3.000 луѓе.

- За време на аукциската продажба, снимките беа занемарени. Да не ги пронајдевме, веројатно би завршиле в ѓубре - вели д-р Џонатан Бурџес кој со колегата Џејсон Скот биле на распродажбата.

- Вистинско чудо е што фотографиите успешно биле извлечени од ЦД-то - додава тој.

Многу од оние кои работеле на градилиштето, веднаш по нападите се разболиле, а се верува дека 400.000 луѓе до денес биле изложени на токсично загадување или претрпеле повреди или трауми, велат податоците од центарот за контрола и превенција на болести.

Бурџес вели дека споделувањето на овие фотографии е дел од потребата да се направи она што е добро за човештвото и предложил оние кои се допрени од фотографиите да размислат за донирање на средства за хуманитарни цели, по сопствен избор.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот