X
 31.01.2022 Забава

Канцелариски работник создава прекрасни фотографии од диви животни на паузaта за ручек

Дејв Њуман има полно работно време во канцеларија, но тој секогаш се труди да најде време да излезе надвор и да ги „шпионира“ локалните животни.

Успешно ги документира секојдневните животи на овие суштества создавајќи прекрасни портрети на лисици, пајчиња и елени.

42-годишниот аматерски фотограф почнал со работа пред околу четири години во неговиот град Линколншир, Англија. Од понеделник до петок тој работи со полно работно време во градежната индустрија, но на паузата патува од неговата канцеларија до локалната река за да ги фотографира дивите животни.

- Имам само 30-35 минути, па го извлекувам максимумот од тоа - вели тој.

Негово омилено животно е птицата рибарче.

Како што вели, потребни се повеќе од 50 минути за да се направи совршената фотографија, како што е на пример фотографијата со трите глувчиња.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Good News Network
Фото: Dave Newman
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава