X
 15.03.2021 Технологија

Мала направа може да ве предупреди ако предолго седите пред компјутер

Мал сензор кој може да се носи на вратот, а во кој се свиткани жички, може да следи колку се придвижуваме додека сме во седечка позиција и да ги натера луѓето да станат и да вежбаат.

Повеќе од 100 милиони лица во Европа искусиле мускулно-скелетни нарушувања како болка во вратот и во рамената во 2020 година - последица на начинот на кој работиме. Но, редовното придвижување додека седиме може да ги спречи проблемите.

Женгбао Јанг од Универзитетот во Хонгконг и неговите колеги развиле мали растегливи сензори кои се напојуваат со пиезоелектричност - напојување кое се генерира преку стискање или изложување на притисок на соодветни материјали.

Овие сензори го набљудуваат движењето на вратот и се напојуваат од два слоја на пиезоелектрични материјали свиткани во структурна форма киригами, која е поврзана со уметноста на виткање хартија наречена оригами.

Кога тој што го носи сензорот ќе се придвижи, сензорот се деформира и испраќа напојување до микроконтролор кој може да регистрира движење со точност од 95 отсто, прикажувајќи го тоа на компјутер.

Ако лицето што го носи сензорот не ги придвижи вратот или рамената повеќе од десет пати во половина час, на компјутерот се појавува порака.

- Сензорот нуди нов дизајн во мало пакување кое е идеално за поставување на телото - вели Џонатан Еткен од Универзитетот „Шефилд“ во Велика Британија.

Според Јанг, сензорот може да излезе од лабораторија во реалниот живот таков каков што е и истакнува дека веќе има патент за технологијата.

Извор: New Scientist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија