Лекувањето на бубрежната слабост моментално подразбира часови поминати поврзани со машини за дијализа или трансплантација на органот. Но, има надеж за нова опција во не толку далечна иднина - вештачки имплант.
Научници развија биореактор кој користи клетки од човечки бубрег одгледани во лабораторија и имитира некои од клучните функции на бубрегот. Направата е успешно тестирана на свињи цела недела и немало очигледни проблеми или несакани ефекти.
Тимот од Универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско, се надева дека направата може да се адаптира за да вклучува поголем спектар на видови бубрежни клетки и да се спои со друг инструмент за да го филтрира отпадот од крвта.
-Биовештачкиот бубрег ќе го направи лекувањето на бубрежните болести поефикасно и многу потолерантно и поудобно - изјави биоинженерот Шуво Рој.
За да добиете слика колку е сериозен проблемот, треба да знаете дека на повеќе од половина милион лица само во САД им е потребна дијализа неколку пати неделно. Секоја година таму се вршат околу 25.000 трансплантации на бубрег и тие се проследени со силни терапии за да се осигури дека телото нема да го одбие органот.
Клучно е што нема индикации дека биореакторите го испровоцирале имунолошкиот систем на свињите. Научниците употребиле силиконски мембрани за да ги заштитат клетките на бубрегот од напад и да ја одржат малата машина да работи тивко и ефикасно во заднина, слично како пејсмеркер за срцето.
Сѐ уште треба да почекаме за ваква направа да проработи во човечко тело, но раните знаци се ветувачки. Следуваат испитувања на животни и ако бидат успешни, би требало да почне тестирање на направата и кај луѓе со бубрежни слабости.
Истражувањето е објавено во
„Нејчр комјуникејшнс“.
Извор и фото:
Science Alert