X
 07.03.2021 Здравје

Еве колку треба да се движите за да надоместите за долгото седење

Веќе е познато дека долгото седење е лошо за здравјето на човекот. Повеќе истражувања покажале врска помеѓу пасивниот живот и здравствени состојби, како зголемена телесна тежина и кардиоваскуларни проблеми подоцна во животот. Во зависност од столот, долгото седење може да предизвика и болки во грбот и погрешно држење на телото.

Овие негативни последици на седењето може да се намалат или елиминираат со физички активности. Меѓутоа, колку треба да вежбате за да ги елиминирате штетните ефекти на предолгото седење?

Истражување спроведено од „Бритиш медикал џурнал“ на над 44.000 луѓе од 4 земји го има одговорот. Според резултатите од истражувањето, со умерени и интензивни физички активности во период од 30-40 минути дневно значајно се намалува ризикот од смрт предизвикана од состојби како последица на седењето.

Во истражувањето под физички активности се сметале вежбањето, но и качувањето по скали, прошетките, возењето велосипед или градинарските обврски.

Автор: Мет Еванс
Извор: fitandwell.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје