X
 15.03.2022 Живот

Даваат отказ бидејќи премалку работат, но еве во кој случај

Американските работници минатата година оставија рекордни 47 милиони работни места. Даваат откази поради подобра плата на друго место, да си бидат свој шеф, подобро да ги координираат приватните и деловните активности или поради стравот од заразување со ковид-19.

Некои едноставно станаа жртви на синдром на исцрпеност, или само сакаа пауза/одмор. Но, има уште една причина, помалку позната, зошто работниците деновиве ги напуштаат своите работни места.

Имено, работодавецот не им дава доволно работно време. За време на пандемијата Колтон Нивелинг поминал седум работни места - подготвување хамбургери, правење ќофтиња, помагање на клиентите и полнење на полиците. Во интервјуата за работа потенцијалните работодавци му рекле дека можат да му дадат многу работа, дури и 40 часа неделно. Но, подоцна неговите менаџери му овозможиле само 8 до 25 часа. Тие часови не му носеле доволно приход, па дал отказ.

- Тешко е за работодавците да знаат колку луѓе треба да вработат, дури и во најдобро време, и е потешко од кога било со денешните високи флуктуации и нестабилна побарувачка - вели Џон Гулнак, потпретседател на „Адеко Инк“, голема агенција за вработување во САД.

Се случило некои фирми да вработат повеќе работници, па на крајот да видат кој ќе остане. Но, работниците велат дека не сакаат да чекаат.

Според податоците на „HourWork“, 55 отсто од работодавците сега вработуваат луѓе со побрзо темпо отколку пред 2020 година, и тоа во поголеми групи за вработување.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот