X
 24.09.2017 Живот

Зошто одморот и дремките треба да бидат дозволени на работното место?

Заморот на работа е честа појава. Во одреден момент (најчесто 14.00 часот), вашиот организам бара да одмори и вие сте подготвени за вашата дремка. Вашата енергија природно варира во текот на денот.

Експертот за продуктивност, Крис Бејли ја обележа неговата мотивација, фокус и нивото на енергија во период од 21 ден и откри дека тие се највисоки во: 7:00 и 8:00 часот и 11:00 и 12:00 часот. Исто така, тој открил и кога фокусот, енергијата и мотивацијата биле на прилично ниско ниво.

Продуктивноста може да биде различна кај секој човек, но целокупниот облик на вашиот енергетски графикон би изгледал како серија на „зиг-заг“. Количината на сонот, храната што ја јадете и како вежбате се само неколку од факторите кои предизвикуваат подигнување и паѓање на вашето ниво на енергија.

Се борите со биологијата тогаш кога не дремнувате

Можеме да испиеме колку сакаме кофеин и да внесеме колку сакаме шеќер, но се бориме со природна криза во енергијата кога го правиме тоа. Повеќето луѓе се чувствуваат уморни во втората половина од стандардниот работен ден. Вашиот замор е знак дека на телото му е потребен одмор.

Нашето тело работи врз основа на природен часовник наречен циркаден ритам. Овој циклус на спиење/будење е совршено прилагоден за да ни даде соодветен сон во текот на 24-часовниот период. Природната светлина е примарно средство кое вашето тело го користи за да процени дали треба да спиете или не.

Често, циркадните ритмови не се совпаѓаат со просечната 9 до 5 работа. Нередовните распореди за спиење, светлината од електронските уреди и изложеноста на природна светлина може да влијаат врз циклусот. Ова е причината зошто луѓето кои работат трета смена имаат зголемен ризик за развивање на здравствени проблеми. Тие мораат да останат будни тогаш кога нивното тело им вели дека е време за спиење, а нивниот распоред за спиење постојано се нарушува кога се обидуваат да останат будни во текот на слободните денови.

Дремките се природна работа


Најчесто чувствуваме замор помеѓу 13 и 15 часот, а ние најчесто се обидуваме да се ослободиме од него со нешто благо или кафе. Исто така, природно сме склони да спиеме помеѓу 2 и 4 часот, па затоа будењето некого во овој период од ноќта е навистина тешко.

Бидејќи повеќето од нас спијат помеѓу 2 и 4 часот наутро, треба да се погрижиме за дремката после ручек. Дремнувањето веднаш по луѓето им помага на луѓето да се чувствуваат поактивни, полни со енергија и мотивирани.

Зошто треба да дремнувате?

Дремнувањето може да ја зголеми моќта на мозокот и да направи да се чувствувате свежо и енергично. Не можете да го промените фактот дека вашето тело работи на цикличен ритам и вашето ниво на енергија се подигнува и опаѓа, но можете да обрнете внимание на она што вашето тело ви кажува да правите. Ако сакате да се чувствувате полни со енергија, тогаш треба да ја наполните таа енергија.

Кога не дремнувате, се борите против потребата на вашето тело да спие, а со тоа и едноставните задачи ги извршувате побавно. Затоа е важно 20 минути да одморите, а придобивките се големи. Подолгите дремки ве ставаат во различни фази на вашиот циклус на спиење, и ако тие се нарушени, можеби ќе се чувствувате поуморни. Затоа, 20 минути се совршен период за одмарање.

Можеби мислите дека ќе изгубите 20 минути од вашето работно време, меѓутоа зголемената енергија и фокус што ќе ги искусите после вашиот одмор, ќе надоместат за тие изгубени 20 минути.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот