X
 15.03.2022 Живот

Сѐ помалку заболени од ковид-19, најголемо намалување кај децата до 9 години

Намален е бројот на заболени кај сите возрасни групи во споредба со претходната недела, а со најзабележително намалување од 41,7 % во возрасната група од 0 до 9 години. Регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи во 30 града во државата, со намалување од 27,4 % во споредба со минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 % до 13,8 %, просечно 11,6 %. 

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 7 до 13.3.2022 г. тестирани се вкупно 15.264 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12 % во споредба со минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, Ресен и Скопје. 

Пријавени се 34 смртни случаи во 13 града во текот на изминатата недела, за 33,3 % помалку во споредба со претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, регистрирани се 33 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50 до 59 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот