X
 01.06.2020 Здравје

Дури 89 заболени од Ковид-19, 17 лица се оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19, од направени 727 тестирања. Новите случаи се во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово на 54 години.


Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 876, активни 298
• Куманово – 467, активни 55
• Дебар – 51, активни 0
• Штип - 103, активни 68
• Прилеп –212, активни 30
• Тетово – 217, активни 83
• Струга – 84, активни 13
• Велес – 130, активни 27
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –27, активни 7
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 4, активни 2
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 37, активни 6
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1

• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-2, активни 2.


Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.


Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани - 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.


Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје