Британската компанија „Скрап кар компарисон“ се одлучи за интересно истражување во соработка со лондонската консултантска компанија „Ценсусвајд“. Врз основа на анализа на 2.024 возачи во Велика Британија, утврдено е кои автомобили ги возат најинтелигентните возачи.
Биле споредени 27 марки автомобили со доволен статистички примерок за 22 марки. Коефициентот на интелигенција е стандардна процена на интелектуалните перформанси на секој поединец.
Се смета дека две третини од населението имаат ниво помеѓу 85 и 115 поени. Исто така, било откриено дека само 2,5 отсто од луѓето се надвор од нормата, или поради резултат под 70 или, во друга крајност, поради резултат над 130. Покрај тоа, малцинство што има коефициент на интелигенција поголем од 144 ѝ припаѓа на групата луѓе кои се сметаат за надарени, според истата скала на интелигенција, Стенфорд-Бинет.
По оценувањето на учесниците во истражувањето, тие биле класифицирани според брендот на автомобилот што го поседуваат, што довело до првите заклучоци.
Истражувањето покажало дека возачите со повисок коефициент на интелигенција, со просечна оцена од 99, поседуваат автомобил „шкода“.
Тие формирале и група во која било забележано помалку раздразливо или агресивно однесување, па се покажале и како најмирни зад воланот. По „шкода“, следуваат сопствениците на „сузуки“ (98,09), „пежо“ (97,79), „мини“ (97,41) и „мазда“ (95,91).
На другиот крај од спектарот возачите на „ленд ровер“ (88,58), „фиат“ (90,14) и „бе-ем-ве“ (91,68) имале понизок коефициент на интелигенција.
Сепак, анализата открива дека целата група на испитаници била во рамките на она што се смета за просечен резултат, помеѓу 85 и 11 на скалата на коефициентот на интелигенција.
Друг заклучок од британското истражување нагласува дека најинтелигентните возачи претпочитаат автомобили на бензин.
Автомобилите на бензин ги возат луѓе со висок коефициент на интелигенција (94,35), а потоа следуваат сопствениците на верзии со хибридни (93,89) и дизел-мотори (92,91).
Возачите на електрични автомобили се на четвртото место (90,19). Исто така, на најинтелигентните возачи најмногу им се допаѓа белата боја на автомобилот, а потоа сивата и црвената.
Секако, на крајот треба да се земе предвид дека ова истражување е од Велика Британија. Можеби резултатите во друга земја би биле поинакви.
Марки и коефициент на интелигенција
„Шкода“: 99
„Сузуки“: 98,09
„Пежо“: 97,79
„Мини“: 97,41
„Мазда“: 95,91
„Тојота“: 95,76
„Опел“: 95,11
„Мерцедес-Бенц“: 94,74
„Нисан“: 94,71
„Сеат“: 94,71
„Ситроен“: 94,29
„Хјундаи“: 93,52
„Рено“: 93,41
„Ауди“: 93,25
„Киа“: 93,01
„Хонда“: 93,01
„Форд“: 92,75
„Волво“: 92.40
„Фолксваген“: 92,25
„Бе-ем-ве“: 91,68
„Фиат“: 90,14
„Ленд ровер“: 88,58
Извор:
b92.net
Фото: Wikipedia