X
 22.11.2021 Живот

Која боја ја зголемува, а која ја намалува цената на автомобилот?

Анализа спроведена врз основа на податоци на познатата германска платформа за продажба на автомобили „Мобиле.де“ покажува дека бојата на автомобилот игра улога во цената.

Имено, автомобилите во виолетова боја се продаваат за дури 27 отсто пониска цена во споредба со просечната цена на возила од ист вид и со исти перформанси. Освен тоа, автомобилите со сребрена боја се за 25 отсто поевтини, а златните - 23 отсто поевтини. Црвените автомобили губат 11 отсто од цената, сините 10 отсто, а зелените 1 отсто од просечната цена.


Фото: Pixabay

- Можеби црвената боја е одличен избор за „ферари“, но ако купувате автомобил за работа како „фолксваген пасат“ или „бе-ем-ве“ серија 5, таа боја е несоодветна, односно ќе ви донесе главоболки при продажбата - наведуваат од германската платформа.

Според анализата, портокаловите возила се 5 отсто поскапи од просекот, белите 6 отсто, црните 10 отсто, сивите 10 отсто и жолтите 13 отсто.

Било забележано и дека почесто се гледаат огласи со неутрални бои, како сива или црна, отколку возила со живи бои.

Извор: Ekapija
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот