X
 15.04.2020 Образование

„Бургер кинг“ со светска кампања ги охрабрува средношколците да седат дома

„Бургер кинг“ се вклучи во акцијата за поттикнување на луѓето да седат дома за време на пандемијата. Една иницијатива на компанијата е наменета за ученици на возраст од 13 до 18 години. Станува збор за кампања која треба да ги забавува учениците додека не се на училиште, а има и награди за најумните.


Фото: Pixabay

„Бургер кинг“ во период од една недела ќе објавува различни задачи на своите профили на социјалните мрежи. Задачите и проблемите ќе бидат од разни области, од биологија до математика. Оние што ќе одговорат точно на задачата, односно ќе го решат проблемот, ќе добијат промотивен код за бесплатен сендвич кој може да го искористат само преку порачка за достава преку апликацијата на „Бургер кинг“.

Кампањата е наменета за средношколците, но дури и постарите обожаватели може да се вклучат во неа. Според податоци од УНЕСКО, 9 од 10 ученици во светот во моментов не посетуваат настава во училиштата.

Автор: Т.Л.Стенли
Извор: adweek.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование