X
 15.05.2018 Технологија

Маск најавува натпревар за програмерите

Во последните неколку недели извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, интензивно работеше на решавање на проблемите што го забавуваат производството на најновиот „модел 3“. Најновиот план е организирање на Хакатон со кој Маск сака да го реши проблемот на два сегменти во роботското производство, што го забавува процесот на производство. Хакатонот обично е настан во кој програмерите се натпреваруваат во коригирање на проблемот или создавање производ во најкус можен рок. Се разбира, победникот добива награда.

mask
Фото: Tesla Press


Инаку, производството на „Mодел 3“, „Тесла“ го најавуваше како најавтоматизиран процес на производство во автомобилската индустрија, но сега Маск признава дека можеби направиле неколку грешки со прекумерната автоматизација. Претходно овој месец во писмо до акционерите Маск призна дека заедно со тимот одлучил да оди чекор назад со автоматизацијата, т.е. за полуавтоматски процес, односно производство во кое ќе учествуваат и луѓе.

Организирањето на Хакатонот е особено интересно затоа што Маск веќе подолго време тврди дека проблемите што ги имаат во производството се поради софтверот. Неговиот твит е всушност одговор на статијата во „Арс техниче“ во која аналитичарите ја критикуваат компанијата „Тесла“ поради тоа што ги има истите проблеми во производството како произведувачите на автомобилите од 80-тите. Сем Абуелсамид, аналитичар на „Невигејтор рисерч“, ги спореди моделите со проблемите на автоматизација што „Џенерал моторс“ во 80-тите ја чинеле милијарда долари.

По најавата на револуционерното производство на „модел 3“, од „Тесла“ тврдат дека автоматизацијата ќе биде зрела во текот на производството на „модел У“, планирано да биде лансирано во 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија