Групата „Intercontinental hotels“ објави дека лансира нова апликација за Apple Watch која на туристите ќе им овозможува да преведуваат јазици од целиот свет.
Апликацијата „The IHG translator“ која ќе биде објавена за време на глобалното лансирање на Apple Watch на 24 април, е базиран на една карактеристика на мобилната апликација на компанијата која им овозможува на корисниците да патуваат во различна земја. Новата апликација работи преку директно зборување во Apple Watch за превод од англиски на 13 јазици или преку избирање на чести фрази како на пример „каде е бањата“ или „би сакал/а пиво“.
Јазиците кои ќе бидат достапни се шпански, француски, германски, хинди, италијански, јапонски, корејски, мандарински, португалски, руски, тајландски и хебрејски.