X
 15.06.2018 Наука

НАСА сними фасцинантни фотографии од Марс



НАСА забележала чудна појава на Црвената Планета, нешто што личело на скршен неидентификуван летачки објект, но всушност станува збор за кратер кој настанал при пад на метеор, пишува британскиот „Метро“.


Марс
(Фото: Pixabay)


Воодушевувачките фотографии снимени од „Марс орбитер“ на НАСА откриваат огромен кратер кој, како што изгледа, е формиран во последнава деценија.

Дупката е околу пет метри широка и е формирана кога метеор удрил во планетата и експлодирал.

Трагата што може да се забележи на фотографијата не настанала при ударот, туку е резултат на лавината од прашина што ја предизвикале „низа инклинации“.

„Кога метеорот ја погодил површината и експлодирал, настанал кратер, но тоа исто така ја покренало оваа лавина. Кратерот е широк пет метри, но трагата е долга дури еден километар. Долгата трага настанала кога лавина од прашина се покренала и излегла од црната дупка“, соопштуваат од НАСА.






Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука