X
 14.09.2023 Наука

Чекор поблиску до колонизација: Роверот на НАСА создаде 122 грама од хемискиот елемент потребен за живот на Марс

„Персевиренс“, роверот на НАСА, за две години колку што е на Марс има завршено многу задачи. Сега научниците откриваат дека успеал да создаде кислород со помош на уреди за експерименти и експлоатација на ресурси.

Роверот опремен со уредот наречен МОКСИ успеа да создаде кислород користејќи јаглероден диоксид во текот на престојот на Црвената Планета. Иако не изгледа многу во однос на количината, 122 грама кислород е потребно за суштество со големина на куче да издржи околу 10 часа на оваа негостољубива планета, ова достигнување им дава надеж на научниците бидејќи на Марс јаглеродниот диоксид сочинува 95 отсто од атмосферата. 

Со негово извлекување и преработка во атоми на кислород во капсулата МОКСИ, изгледа како да пристигнала иднината. Покрај тоа што се користи во производството на кислород за членовите на идните мисии и потенцијалните колонии, уредот може да се користи и за производство на ракетно гориво.


- Горди сме што создадовме револуционерна технологија како МОКСИ, која може да ги трансформира локалните ресурси во оние што ќе бидат корисни за време на идните истражувачки мисии - рече Труди Кортес, директор на Дирекцијата за мисијата за вселенска технологија во Вашингтон.

Сепак, тоа не значи дека мисиите ќе бидат можни веднаш бидејќи мора да се исполнат многу други услови за навистина остварливи колонии на Месечината или на Марс. Еден од нив е надминување на проблемот со екстремен студ на Црвената Планета или, на пример, појава на рак поради штетните зраци од вселената.

Извор: National Geographic
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука