X
 15.06.2023 Живот

3,6 милиони луѓе барале работа во оваа компанија, а биле примени 29.000

Во 2022 година 3,6 милиони луѓе сакале да работат во „Тесла“, но компанијата вработила само 29.000 работници.

Според неодамна објавената анализа на „Ројтерс“, бројот на вработени во „Тесла“ би можел да биде помал оваа година бидејќи американската компанија го намалила бројот на огласени работни места во мај.

Шефот на „Тесла“, Илон Маск, на 15 мај апелираше до одговорните луѓе во компанијата да бидат повнимателни кога објавуваат понуди за вработување и да не вработуваат многу нови работници.

Од тој момент „Тесла“ објави речиси 1.400 понуди за работа на различни позиции, најмногу во САД.

Инаку, Маск е еден од првите шефови на големи компании кои пред една година предупредуваа за претстојната рецесија, а во мај годинава изјави дека ситуацијата во светската економија ќе биде тешка во следните 12 месеци.

Според „Ројтерс“, на крајот од 2022 година во „Тесла“ работеле речиси 128.000 луѓе.

Извор: Binzis.telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот